ПРВ.мк

Апокалиптични слики по катастрофални поплави во Италија: Едно лице загина, две се водат како исчезнати – целосен хаос во Италија

Апокалиптични слики по катастрофални поплави во Италија: Едно лице загина, две се водат како исчезнати – целосен хаос во Италија

Катастрофални поплави во Италија: Едно лице загина, две се водат како исчезнати

Обилните врнежи од дожд предизвикаа катастрофални поплави во делови од Италија, при што најмалку едно лице го загуби животот, а две се водат како исчезнати.

Жртвата е 92-годишен маж кој останал заробен во својата куќа погодена од надојдените води. Поплавите активираа повеќе свлечишта и одрони, а бројни реки излегоа од своите корита.

Во регионот Пијемонте е прогласен портокалов метео аларм, а иако денеска се очекува благо подобрување на временските услови, метеоролозите предупредуваат на нов бран врнежи по Велигден.

Vero

Во областа Виченца, спасувачките служби интензивно трагаат по две исчезнати лица – татко и син – чие возило било однесено од надојдената река Ањо.

Автопатот А5 Торино-Аоста е затворен поради нагло зголемување на нивото на реката Дора Балтеа. Во Долината Аоста, тунелот Гран Сан Бернардо е затворен поради снежни врнежи, додека во Ломбардија реката Сезија се излеа, предизвикувајќи поплави во провинцијата Павија.

Во Милано, градските власти беа принудени да ги затворат сите јавни паркови поради силниот ветер и дожд, а во Рим, противпожарната служба интервенирала повеќе од 100 пати поради урагански ветрови кои уриваа дрвја и кршеа гранки.

Agria