ПРВ.мк
Свет

ОВА БИ МОЖЕЛО ДА БИДЕ НАЈТЕШКАТА ЕПИДЕМИЈА ДОСЕГА! На почетокот мислеле дека е маларија, а потоа почнал пеколот: „Го бркаме вирусот, а тој е чекор пред нас“

ОВА БИ МОЖЕЛО ДА БИДЕ НАЈТЕШКАТА ЕПИДЕМИЈА ДОСЕГА! На почетокот мислеле дека е маларија, а потоа почнал пеколот: „Го бркаме вирусот, а тој е чекор пред нас“

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), би можела да ја надмине најсмртоносната епидемија на оваа болест од периодот 2014–2016 година, додека во овогодишната епидемија досега се потврдени најмалку 4.300 случаи и повеќе од 2.000 починати.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, изјави за новинарите дека доколку ширењето на болеста продолжи со сегашното темпо, епидемијата од 2026 година би можела да ја надмине онаа од 2014–2016 година, во која, според податоците на СЗО, загинаа повеќе од 11.000 луѓе, пренесува BBC.

Епидемијата во Конго официјално беше прогласена на 15 мај, но здравствените власти наведуваат дека вирусот почнал да се шири најмалку три месеци порано.

Повеќе од 2.000 мртви

Според податоците од 11 август, во Конго се потврдени 4.381 случај и 2.011 смртни исходи.

СЗО претходно соопшти дека се надева оти ширењето на вирусот ќе биде ставено под контрола во наредните три месеци, но предупреди дека тоа не значи и целосно завршување на епидемијата.

„Го бркаме вирусот, а вирусот е чекор пред нас“, изјави директорот на СЗО за Африка, Мохамед Џанаби, на конференција за новинарите во градот Бунија, во близина на епицентарот на епидемијата.

Погрешно дијагностициран на почетокот

Тој наведе дека истражувањата покажуваат оти вирусот почнал да се шири уште во февруари и дека на почетокот често бил погрешно дијагностициран како маларија или тифус.

Овогодишната епидемија ја предизвикува редок сој на вирусот ебола, познат како Бундибуџо (Bundibugyo), кој претходно има предизвикано само две познати епидемии, во 2007 и 2012 година.

За овој сој на вирусот ебола моментално нема одобрена вакцина ниту признаен лек.