ПРВ.мк

Објавен поклонот кој Путин тајно му го испратил на Трамп [ФОТО]

Објавен поклонот кој Путин тајно му го испратил на Трамп [ФОТО]

Путин му подари мистериозен портрет на Трамп: „Сакав да ја прикажам неговата храброст“

Во март годинава, рускиот претседател Владимир Путин му испрати необичен подарок на Доналд Трамп – портрет со силна политичка симболика, насликан по негова нарачка. Делото му беше врачено на Трамп преку неговиот пратеник Стив Виткоф, кој во подкаст со Такер Карлсон го опиша како „величествено дело од водечки руски уметник“.

Авторот на портретот, познатиот руски сликар Никас Сафронов, во ексклузивно интервју за CNN потврди дека токму тој стои зад делото, и тоа по нарачка која, како што подоцна сфатил, пристигнала директно од Кремљ.

На сликата е прикажан моментот кога Трамп ја крева тупаницата откако преживеа обид за атентат во Батлер, Пенсилванија во 2024 година. На неговото лице се гледа крв и лузна – симболи на борбеност и непокорност.

Vero

„Сакав да ја прикажам неговата храброст – човек кој не се повлекува пред стравот. Тој ја крена раката како симбол на отпор и единство со Америка“, изјави Сафронов од Москва.

Сафронов, познат по портрети на светски лидери како папата Франциск, Ким Џонг Ун и Нарендра Моди, вели дека некои „непознати луѓе“ му пришле со барање да го наслика Трамп, без јасна најава кој стои зад тоа. Но, кога бил повикан лично од Путин, му било потврдено: делото било испратено како дипломатски гест за подобрување на односите меѓу Русија и САД.

„Го сликав бесплатно, верувајќи дека уметноста може да поврзува нации“, додаде Сафронов.

Agria