ПРВ.мк
Свет

Нов инцидент кај членка на НАТО - напад од руски дрон!

Нов инцидент кај членка на НАТО - напад од руски дрон!
Kristal

По руските напади врз пристанишната инфраструктура во украинскиот регион Одеса, еден дрон веројатно паднал на територијата на Романија, потврди романското Министерство за одбрана. Инцидентот претставува ново нарушување на воздушниот простор на НАТО во контекст на продолжените руски напади врз украинските пристаништа на Дунав.

Радарските системи на Романија забележале групи дронови кои се приближувале кон нејзиниот воздушен простор, поради што единиците за воздушна одбрана биле ставени во состојба на готовност. Поради лоши временски услови, воени авиони не можеле да полетат.

Околу полноќ, жителите на Тулча беа предупредени преку системот RO-Alert, додека на украинската страна од Дунав, во близина на пристаништето Измаил, се слушнале експлозии од руски напади. Дронот паднал во близина на селото Гринду, околу пет километри од украинската граница, а воените единици веднаш го обезбедиле местото и ги пронашле остатоците.

Властите потврдија дека инцидентот не претставувал закана за населението, но истрагата продолжува. Станува збор за повторен инцидент, откако пред два месеци друг руски дрон минал во романскиот воздушен простор, но се вратил во Украина без интервенција од романските сили.

FixCredit
Atensa 300
Escape