ПРВ.мк
Свет

НИТУ ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НЕ ВЕРУВАЛ ДЕКА Е МОЖНО: Украинските војници со мал дрон постигнале неверојатен резултат!

НИТУ ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НЕ ВЕРУВАЛ ДЕКА Е МОЖНО: Украинските војници со мал дрон постигнале неверојатен резултат!

Украинските војници успеале да употребат мал FPV-дрон на начин што ги изненадил дури и инженерите на компанијата што го произведува, откако леталото понело значително поголем експлозивен товар од предвидениот.

Според информациите што ги објави „Бизнис инсајдер“, украинска воена единица употребила дрон на компанијата „TechEx“, кој, според сведочењето на производителот, понел меѓу пет и седум килограми експлозив.

Тоа е повеќе од трипати над декларираната носивост од два килограма за одредени модели на компанијата.

Олег, еден од раководителите на украинскиот производител, изјавил дека останал изненаден кога ја видел снимката од нападот.

„Една од најизненадувачките снимки што неодамна сум ги видел покажува како една единица успеала да постави огромен експлозивен товар на нашиот дрон“, изјавил тој.

Според неговите зборови, војниците успеале со леталото да погодат зграда и целосно да ја уништат.

„Се запрашав како воопшто успеале да постават толку експлозив на еден FPV-дрон. Но, тој успеал да го понесе товарот и да ја изврши задачата“, раскажал Олег.

Компанијата произведува дронови со оптички кабел, технологија што овозможува одржување на комуникацијата со операторот и ја намалува ранливоста на електронско попречување.

Сепак, ваквиот систем има и ограничувања, бидејќи кабелот, батериите и останатата опрема ја зголемуваат вкупната тежина на леталото.

Од „TechEx“ објаснуваат дека постојано ги усовршуваат своите производи врз основа на искуствата од бојното поле.

Според компанијата, технологијата на воените дронови се развива толку брзо што модел без редовни подобрувања може да застари за само три месеци.

Претставниците на производителот нагласуваат дека приспособливоста на опремата е една од нејзините најважни предности, а украинските војници со овој случај покажале дека во реални борбени услови можат да постигнат резултати што не биле предвидени при нејзиното производство.