ПРВ.мк
Свет

Неочекуван пресврт: САД ѝ се обрати на оваа држава за помош против иранските дронови!

Неочекуван пресврт: САД ѝ се обрати на оваа држава за помош против иранските дронови!
Kristal

Во изненадувачки дипломатски потег, украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека Соединетите Американски Држави официјално побарале помош од Украина во справувањето со иранските беспилотни летала на Блискиот Исток.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски појасни дека станува збор за конкретно барање поврзано со одбраната од дроновите од типот „Шахед“, кои во изминатите години беа масовно користени во различни конфликти.

„Добивме барање за конкретна поддршка во одбраната од ‘Шахед’ на подрачјето на Блискиот Исток“, напиша тој, додавајќи дека веќе дал инструкции да се обезбедат неопходните ресурси и да се ангажираат украински експерти.

Овој потег отвора ново поглавје во воената соработка меѓу Киев и Вашингтон. Украина, која стекна значително искуство во пресретнување и неутрализирање на вакви дронови, сега би можела да игра клучна улога во безбедносните операции надвор од својата територија.

Аналитичарите сметаат дека ова барање покажува колку сериозна станува заканата од беспилотните летала во регионот – но и колку искуството стекнато во војната ѝ дава на Украина нова геополитичка тежина.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo