Светот се надеваше на деескалација, но доби најава за апокалипса! Наследникот на престолот во Техеран, Моџтаба Хамнеи, за првпат застана пред камерите откако неговиот татко беше ликвидиран во бруталниот американско-израелски напад. Неговата порака не остава простор за дипломатија: Иран нема да преговара, Иран ќе се одмаздува!
Видно гневен по убиството на стратешкиот мозок на режимот, Али Лариџани, Хамнеи помладиот го прогласи својот соработник за „свет маченик“. Тој јасно стави до знаење дека Техеран нема намера да ја спушти гардата. Напротив, секоја иницијатива за прекин на огнот е фрлена во ѓубре. „Нема преговори сè додека САД и Израел не бидат збришани“, грмеше новиот врховен лидер, гасејќи ја и последната надеж за мир на Блискиот Исток.
Хамнеи ја потврди најцрната прогноза за глобалната економија: Ормутскиот теснец останува затворен! Оваа стратешка блокада веќе ги крена цените на нафтата во небеса, а новиот лидер најави дека тоа е само почетокот на економскиот притисок со кој ќе ги „дави“ своите противници.
Во својот говор, тој упати директна и застрашувачка закана до соседните земји кои гостопримливо ги чуваат американските воени бази. Хамнеи бара итно затворање на овие објекти, порачувајќи им на лидерите во регионот дека „неутралноста повеќе не постои“.
Дали Моџтаба Хамнеи е човекот кој ќе ја повлече линијата од која нема враќање? Светот е во шок, а пазарите се во слободен пад додека новиот господар на Техеран го подготвува својот следен потег.


















