ПРВ.мк
Свет

ДИПЛОМАТСКИ ШОК: Оман тврди – „Вашингтон ја изгуби контролата!“ САД и Израел наместо мир, избраа војна без излез!

ДИПЛОМАТСКИ ШОК: Оман тврди – „Вашингтон ја изгуби контролата!“ САД и Израел наместо мир, избраа војна без излез!
Kristal

Додека ракетите ги параат небесата над Техеран, една од најприсебните земји во регионот – Оман, реши да ја каже суровата вистина. Министерот за надворешни работи, Бадр Албусаиди, преку страниците на престижниот The Economist упати „шамар“ до Белата куќа, тврдејќи дека американската администрација веќе нема кормило над сопствената политика.

Шокантното откритие на Албусаиди е дека САД и Иран биле на само еден чекор до историски договор за нуклеарната програма. Но, наместо потпис на хартија, светот виде оган. На 28 февруари, воените јастреби од Вашингтон и Тел Авив решија дипломатијата да ја заменат со бомби, уништувајќи ја секоја шанса за смирување на тензиите. Според Оман, иранскиот одговор бил целосно предвидлив по ваквиот пресврт.

Оманскиот дипломат предупредува дека овој конфликт не е само војна со оружје, туку и војна против просперитетот. Моделот на Персискиот Залив, кој со децении се градеше врз туризам, авијација и технологија, сега е пред колапс. Блокадата на Ормутскиот теснец не е само локален проблем – тоа е „јамка околу вратот“ на глобалната економија која може да го турне светот во најтешката рецесија досега.

 „Најголемата грешка е самото влегување во војната“, дециден е Албусаиди. Тој смета дека САД и Израел влетале во сценарио каде нема победници, туку само долготраен пекол кој ќе бара илјадници копнени трупи и години крвопролевање.

Единствениот спас, според Оман, е итно враќање на преговарачката маса. Дали Вашингтон ќе го послуша гласот на разумот од Маскат или ќе продолжи со слепата агресија која го пали светот?

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape