ПРВ.мк
Балкан

Вучиќ со црни прогнози – Од утре дизелот оди над 125 денари, Србија на чекор до енергетски колапс!

Вучиќ со црни прогнози – Од утре дизелот оди над 125 денари, Србија на чекор до енергетски колапс!
Kristal

Додека пламенот на Блискиот Исток ги голта нафтените полиња, ехото од детонациите стигна до Балканот со застрашувачка сила. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја „фрли бомбата“: од утре цената на дизелот во Србија вртоглаво расте и ќе достигне невидени 250 динари (над 125 денари) за литар, а стравот е дека ова е само почетокот!

Ова е историски земјотрес“, предупреди Вучиќ од фабриката во Индија. Цената на нафтата на светските берзи дивее, но вистинскиот проблем се котациите за дизелот кои првпат во историјата пробија плафон од 1.300 долари. Србија веќе ги „сече“ акцизите до крајни граници, но ниту тоа не е доволно да се заузда бесот на пазарот предизвикан од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Ситуацијата е толку критична што државата е принудена да интервенира со 40.000 тони нафта од стратешките резерви за да ги задоволи потребите на НИС. Дополнителен страв влева неизвесноста околу лиценцата за работа на рафинеријата во Панчево. Ако Вашингтон не ја продолжи дозволата вечерва, Србија би можела да се соочи со прекин на домашното производство на гориво!

Како капа на сè, цената на гасот скокна за неверојатни 65% за само десет дена. Иако Вучиќ апелира граѓаните да не паничат и да не прават залихи со канистри, тој призна дека никој не знае што ќе донесе наредниот месец. Почнуваат итни контроли на залихите на храна – од жито до масло – додека државата се подготвува за најлошото сценарио.

Балканот го задржува здивот: Дали неделава не очекуваат истите цени и на македонските бензински пумпи?

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape