Русија ја потресе морничава случка – гладна кафеава мечка е забележана како раскопува православни гробишта и се храни со човечки останки. Веста, објавена на 15 септември од Телеграм каналот Маш, предизвика паника кај локалното население, а властите веднаш реагирале.
Министерството за екологија издало дозвола за заробување на животното, а ловци од градот Златоуст добиле наредба да ги пребараат сите гробишта. Но и покрај интензивната потрага, мечката сè уште не е пронајдена, а граѓаните се во страв каде би можела следно да се појави.
Ова не е прв ваков напад – само неколку дена претходно, на 9 септември, мечка ја урнала електричната ограда на една фарма во Арктичкиот круг, уништувајќи пчеларник и јадејќи мед, оставајќи зад себе хаос.
Експертите ваквото однесување го објаснуваат со уништувањето на природните живеалишта и недостигот на храна, што ги тера животните сè почесто да навлегуваат во урбаните средини.
Властите апелираат до жителите на Златоуст и околните населени места на зголемена претпазливост додека трае ловот на ѕверот.
Погледнете го видеото тука