Мјанмар и понатаму има итна потреба од медицинска помош и помош во сместувањето по земјотресот со јачина од 7,7 степени кој ја погоди земјата на 28 март, изјави министерот за надворешни работи на Тајланд, Марис Сангијампонгса.
Тој ја нагласи важноста на координираното вклучување на регионот за обезбедување помош и долгорочна поддршка за Мјанмар, пренесува Ројтерс.
Во соопштението на воената хунта во Мјанмар, се наведува дека во земјотресот загинале 3.645 лица, 5.017 се повредени, а 148 се водат како исчезнати.
Земјотресот уништил речиси 49.000 куќи и повеќе од 2.100 владини згради.
Сангијампонгса се состана со официјални лица од Мјанмар во сабота во главниот град Нејпјидо, кој исто така бил погоден од земјотресот.