Четири лица загинаа, а 19 се повредени во масовен напад со руски беспилотни летала во петокот навечер во градот Дњепар, југоисточна Украина, изјави регионалниот гувернер Серхиј Лисак.
Лисак на Телеграм додаде дека се запалила висока станбена зграда и речиси 10 приватни куќи. Противпожарните екипи успеале да го стават под контрола пожарот во хотелски комплекс.
Во претходна објава, Лисак изјави дека бројот на жртви најверојатно ќе расте, а тројца од повредените се во тешка состојба.
„Сега е познато дека непријателот насочил повеќе од 20 дронови кон градот“, напиша Лисак на Телеграм. „Повеќето од нив се соборени.“
Фотографии и видеа објавени на интернет прикажуваат пламен и големи облаци чад што се издигнуваат кон небото. Некои снимки покажуваат разрушена внатрешност на зграда, тешко оштетени горни катови на висококатница и улици покриени со скршено стакло и градежен материјал.