Поранешниот гувернер на Банката на Канада, Марк Карни, е победник во трката за нов лидер на владејачката Либерална партија, и ќе го замени Џастин Трудо како премиер на земјата.
Карни ќе ја презеде извршната власт во Канада во турбулентно време. Земјата е во „трговска војна“ со својот долгогодишен сојузник САД, а оваа година се соочува со парламентарни избори.
59-годишниот Карни убедливо ја победи поранешната министерка за финансии, Кристиа Фриленд со 86% од гласовите, од нешто помалку од 152.000 членови на партијата.
Претходниот премиер Трудо беше на власт повеќе од девет години. Во јануари најави дека ќе се повлече од функцијата, по остриот пад на неговиот рејтинг.
„Нема простор за грешка, сега е клучен момент за нашата нација. Демократијата не е дар од неговот, не е ниту слобода, ниту Канада“, рече Трудо.
Неговиот наследник Карни треба да да оживее партијата и преговорите за царините со САД. Американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на соседите за дополнителни царини, што сериозно може да ја погоди канадската економија.