ПРВ.мк

Кремљ: Путин и Трамп ќе разговараат телефонски во 17 часот по московско време

Кремљ: Путин и Трамп ќе разговараат телефонски во 17 часот по московско време
Jumbo Banner

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди дека телефонскиот разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп е закажан за 17 часот по московско време (16 часот по средноевропско време).

“Во 17 часот (по московско време) ќе се одржи телефонскиот разговор со Трамп”, изјави Песков.

Пред два дена, Трамп најави дека ќе разговара со Путин за можноста за завршување на војната во Украина. Темата на разговорот ќе биде прекин на насилствата, потврди Трамп на својата социјална мрежа “Трут Соушл” (Truth Social). Оваа изјава следи по директните мировни преговори меѓу Русија и Украина кои се одржаа во Истанбул.

Трамп изрази надеж дека денешниот разговор ќе биде продуктивен и дека ќе доведе до прекин на огнот и завршување на “многу насилната војна, која никогаш не требаше да се случи”.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран