ПРВ.мк

Кина и Јужна Америка со рекордна трговска размена од над 500 милијарди долари

Кина и Јужна Америка со рекордна трговска размена од над 500 милијарди долари
Jumbo Banner

Трговската размена меѓу Кина и земјите од Јужна Америка и Карибите првпат минатата година ја надмина границата од 500 милијарди долари, соопшти кинескиот претседател Си Џинпинг на форумот Кина – ЦЕЛАЦ, кој се одржа во Пекинг.

Обраќајќи се пред претставниците на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите, Си истакна дека му претставува големо задоволство да ги пречека, како што ги нарече, „старите и новите пријатели“.

Кинескиот лидер потенцираше дека Пекинг ќе продолжи да го поддржува економскиот раст и влијание на земјите од Јужна Америка и Карибскиот регион. Во таа насока, Кина ќе обезбеди заем во износ од 66 милијарди јуани (околу 9,2 милијарди американски долари) за земјите од регионот.

Дополнително, Си најави и проширување на кинескиот увоз на стоки од овие држави, како и поттикнување на кинески инвестиции кои ќе придонесат за економскиот развој на Латинска Америка и Карибите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран