ПРВ.мк

УТРЕ СРЕДА БЕЗ СТРУЈА! Овие села ќе останат во мрак од 9 до 14 часот

УТРЕ СРЕДА БЕЗ СТРУЈА! Овие села ќе останат во мрак од 9 до 14 часот
Jumbo Banner

Жителите на Tearце и Одри утре (среда, 14 мај 2025 година) ќе останат без електрична енергија цели пет часа – од 09:00 до 14:00 часот, поради планирани технички зафати од страна на енергетските служби.

Во село Теарце, прекинот ќе ги зафати објектите кои се наоѓаат на главниот пат, спроти старо Матекс. Во исто време, струја нема да има ниту во дел од село Одри – поточно, во објектите кои се наоѓаат во т.н. Македонско маало.

Граѓаните се повикуваат да ги завршат своите обврски навреме и да се подготват за неколкучасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран