ПРВ.мк
Свет

Хутите тврдат дека погодиле аеродром во Израел, Тел Авив под напад

Хутите тврдат дека погодиле аеродром во Израел, Тел Авив под напад

Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за денешниот бран напади врз Израел, тврдејќи дека испукале балистичка ракета и неколку беспилотни летала кон израелски цели.

Според нивните информации, ракетата го погодила аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, а дополнително биле лансирани два дрона со цел да се погодат воени и стратешки точки во областа на Тел Авив и во Ашкелон.

Израелската армија веднаш реагирала и соопштила дека ракетата се распаднала во воздух, а нејзините делови паднале во централен Израел без да предизвикаат голема штета. Притоа бил пресретнат и еден дрон, додека вториот воопшто не ја достигнал територијата на Израел.

Во последните месеци ова е уште еден во низата неуспешни обиди на Хутите да погодат цели во Израел, додека тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да растат.

Escape