ПРВ.мк
Свет

ХОРОР ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА: Наместо слезина извадил орган што не сме, пациентот починал на лице место - језиви детали од настанот!

ХОРОР ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА: Наместо слезина извадил орган што не сме, пациентот починал на лице место - језиви детали од настанот!

Хирург од Флорида, 44-годишниот Томас Шакновски, се соочува со сериозно обвинение за убиство од небрежност од втор степен, откако за време на операција направил фатална грешка – наместо слезина, му ја извадил црниот дроб на пациент, што довело до негова смрт на самата операциона маса.

Трагичниот настан се случил во август 2024 година. Пациентот, 70-годишниот Бил Брајан од Алабама, побарал медицинска помош поради болки во стомакот. Според судските документи, иако сакал да се врати дома, докторот неколку дена го убедувал да прифати хируршка интервенција, по што пациентот на крајот се согласил.

Операцијата требало да биде рутинска лапароскопска процедура за отстранување на слезината. Наместо тоа, лекарот направил шокантна грешка – го отстранил црниот дроб, што предизвикало масивно крварење и моментална смрт.

По интервенцијата, докторот се обидел да ја оправда ситуацијата, тврдејќи дека владееле хаос и шок, и дека пациентот починал од пукање на аневризма. Но, обдукцијата ја открила вистинската причина: немало никаква аневризма, слезината била недопрена, додека црниот дроб целосно недостасувал.

Сопругата на починатиот, Беверли Брајан, изјавила дека сè уште не може да поверува што се случило, нагласувајќи дека приказната звучи премногу страшно за да биде вистинита.

Дополнително вознемирува фактот што ова не бил прв сериозен пропуст на истиот хирург. Во мај 2023 година, при друга интервенција, по грешка отстранил дел од панкреас наместо надбубрежна жлезда, по што морал да исплати отштета од 400.000 долари. Само два месеца подоцна, во јули 2023 година, на друг пациент му отстранил дел од црево, што довело до компликации и смрт на интензивна нега.

Докторот бил уапсен во Мирaмар Бич, Флорида, и пренесен во затвор во округот Волтон, каде го очекува судски процес. Во меѓувреме, неговата медицинска лиценца е суспендирана и одземена во неколку сојузни држави, меѓу кои Алабама, Флорида и Њујорк.

Од болницата каде што се случил трагичниот настан соопштиле дека безбедноста на пациентите е нивен приоритет и нагласиле дека докторот не бил нивни вработен, ниту пак работел во нивните установи по настанот.

Сопругата на починатиот веќе поднела и граѓанска тужба, со надеж дека оваа трагедија ќе спречи вакви случаи во иднина. Таа истакнува дека, ако веќе морале да поминат низ ваква болка, барем ова ќе значи дека никој друг нема да биде повреден од истиот лекар.

Најнови вести