ПРВ.мк
Македонија

Дали си студент што бара прва работа или професионалец во потрага по нов предизвик? – Пронајди ја можноста што ќе ти ја смени иднината!

Дали си студент што бара прва работа или професионалец во потрага по нов предизвик? – Пронајди ја можноста што ќе ти ја смени иднината!

Оваа пролет, мапата на твојот професионален успех води кон една дестинација. На 15 и 16 мај, KARIERA.mk и East Gate Mall ве канат на третото, највозбудливо издание досега – KARIERA DAYS vol.3!

Под мотото „Лавиринт на можности“, оваа година ве предизвикуваме да влезете во свет каде секој агол крие нова шанса, секоја средба е нов патоказ, а крајната цел е твојата кариера од соништата.

Што те очекува во Лавиринтот?

  • Повеќе од обичен саем: Заборави на класичните штандови. Ова е интерактивно искуство каде директно се поврзуваш со врвни компании.
  • Патеки за секого: Без разлика дали си студент кој го бара првиот чекор или искусен професионалец подготвен за нов пресврт, лавиринтот има патека за тебе.
  • Иновација и забава: Уште побогата програма, повеќе простор за вмрежување и изненадувања кои ќе го направат твоето кариерно патување незаборавно.

По успехот на првите две изданија, се враќаме со уште поголема енергија. Не дозволувај твојата кариера да тапка во место,  влези во лавиринтот и пронајди го патот до успехот!

Деталите пристигнуваат наскоро. Обележи го календарот: 15-16 мај, East Gate Mall

Најнови вести