ПРВ.мк

Ќе се изненадите: Ватикан откри колкава плата ќе зима новиот папа

Ќе се изненадите: Ватикан откри колкава плата ќе зима новиот папа
Jumbo Banner

Папата Лав XIV – првиот Американец на чело на Католичката црква

Новиот папа, Лав XIV, не само што влезе во историјата како првиот Американец што некогаш бил избран за поглавар на Католичката црква, туку и самиот негов стил на живот и водење на Црквата го одразува продолжението на скромниот и реформистички дух што го започна неговиот претходник.

Иако формално папата би можел да добива плата од околу 2.500 евра месечно, реалноста е дека ни тој, како ни папата Франциско пред него, не прифаќа лична финансиска надокнада. Самиот Ватикан се грижи за секојдневниот живот на папата – од сместување и храна, до транспорт, здравствена заштита и осигурување. Практично, тој живее без никакви лични трошоци.

Интересно е што, пред изборот, кардиналот Роберт Превост (сега Лав XIV) добивал месечен надомест од 4.000 до 5.000 евра – типична плата за кардинал. Но откако го презеде понтификатот, овој аспект од неговиот живот исчезна – што само ја нагласува поентата дека оваа функција не е заради личен бенефит, туку служба.

Изборот на името Лав XIV не е случаен. Историјата ги памети папите со ова име како силни лидери во време на предизвици, особено кога станувало збор за социјални реформи. Превост испрати јасна порака – дека сака да го продолжи курсот на отвореност и ангажман со маргинализираните, нешто што веќе го прави препознатлив, особено со оглед на неговото американско потекло и умерениот пристап.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран