ПРВ.мк
Свет

„Ќе дознаете колку далеку сум подготвен да одам“: Трамп најавува решение што ќе ги „задоволи сите“

„Ќе дознаете колку далеку сум подготвен да одам“: Трамп најавува решение што ќе ги „задоволи сите“
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја отвори темата за Гренланд, испраќајќи порака дека е подготвен да оди многу далеку за да обезбеди решение кое, според него, ќе биде прифатливо и за САД и за НАТО. На директно прашање колку е спремен да оди за островот да дојде под американска контрола, Трамп кратко одговори: „Ќе дознаете“.

Тој изјави дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе најдат заедничко решение за спорот околу Гренланд, нагласувајќи дека исходот ќе биде позитивен за сите страни вклучени. Според неговите зборови, станува збор за договор со кој НАТО ќе биде „многу среќен“, а истовремено и САД ќе бидат задоволни.

Изјавата доаѓа само неколку часа пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, каде што, како што најави, ќе се одржат низа состаноци посветени токму на прашањето за Гренланд. Во исто време, Трамп потсети дека американската администрација го гледа островот како клучен од безбедносен аспект.

Неговите зборови следуваат по најавите дека од 1 февруари САД ќе воведат царини за одредени земји од Европската Унија кои се противат на можноста за американско преземање на островот, што дополнително ја зголеми напнатоста околу ова чувствително геополитичко прашање.

Во врска со противењето на дел од жителите на Гренланд за евентуално приклучување кон САД, Трамп изрази увереност дека ставовите би можеле да се променат. Тој рече дека, кога лично би разговарал со нив, верува дека би биле воодушевени од можноста.

Инаку, патувањето на Трамп кон Давос накратко беше одложено, откако авионот „Ер Форс Уан“ беше принуден да се врати во Мериленд поради, како што соопшти Белата куќа, помал електричен проблем. По околу еден час, претседателот го продолжи патувањето со друг авион, јавија американските медиуми.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape