Сергеј Караганов, поранешен советник на Владимир Путин и влијателен руски политички аналитичар, изјави дека Русија може да прибегне кон нуклеарно оружје ако се соочи со пораз во војната со Украина.
Во интервју за Такер Карлсон, Караганов посочи дека европските лидери живеат во илузија ако мислат дека Москва може да биде поразена без радикални последици. Тој нагласи дека Русија нема да дозволи пораз и дека западните лидери недоволно ја разбираат руската решителност и потенцијалните ризици од нивните постапки.
Според него, ситуацијата е исклучително сериозна, а можноста за ескалација со нуклеарно оружје не смее да се занемари.

















