ПРВ.мк
Црна Хроника

ВАНДАЛИЗАМ ВО ПАРК: Скршени клупи, оштетена фонтаната и провалено во чуварската куќа - граѓаните бесни!

ВАНДАЛИЗАМ ВО ПАРК: Скршени клупи, оштетена фонтаната и провалено во чуварската куќа - граѓаните бесни!
Kristal

Општина Аеродром најостро го осудува вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот „Бановина“, при што била сериозно оштетена јавната сопственост.

Според информациите од општината:

  • Искршена е урбаната опрема.
  • Фонтаната е оштетена.
  • Извршена е и кражба со провалување во чуварската куќа.

Општината потсетува дека паркот неодамна бил целосно обновен и опремен со современа урбана опрема, наменета за сите генерации.

„Наместо грижа и почит кон заедничкиот простор, сведоци сме на несовесно и неодговорно однесување и уништување“, соопштија од Општина Аеродром, нагласувајќи дека ваквите постапки нема да бидат толерирани.

Случајот е пријавен во полиција, а општината упатува апел до граѓаните: чувајте го јавниот простор, пријавувајте вандализам и заеднички придонесете за уредена и безбедна локална заедница.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo