Цените на популарното кафе арабика продолжуваат да растат и се движат кон рекордни нивоа, достигнувајќи 4,30 долари за фунта, односно околу 2,20 долари за килограм. Тоа претставува зголемување од над 50 проценти само од август, што предизвикува сериозна загриженост кај трговците и љубителите на кафе ширум светот.
Според анализата на „Трејдинг економикс“, главната причина за овој скок е растечката закана од глобален недостиг на снабдување. Производствените региони во Бразил – најголемиот светски извозник на кафе – се погодени од интензивна суша предизвикана од климатските промени, што значително го намалува приносот.
Доколку условите не се подобрат, експертите предупредуваат дека цените би можеле да достигнат нов историски максимум, со што кафето би станало луксуз наместо секојдневен производ.















