ПРВ.мк
Свет

Уништени две третини од гробиштата - Израелските сили со тенкови и булдожери ја разурнаа светата почивка во Газа

Уништени две третини од гробиштата - Израелските сили со тенкови и булдожери ја разурнаа светата почивка во Газа
Escape

Во нова контроверзна акција во јужниот дел на Појасот Газа, израелските вооружени сили користеа тенкови и булдожери за да уништат гробишта и ексхумираат гробови, предизвикувајќи бес и шок кај палестинските власти.

Според Министерството за верски прашања на Палестина, оваа жестока операција се случила во реонот Ал-Маваси, каде што израелската војска го уриваше кампот на раселените Палестинци близу Турските гробишта во Кан Јунис.

До сега, воените дејства уништиле дури две третини од сите 60 гробишта во Појасот Газа, што претставува тежок удар врз културното и верско наследство на регионот.

Областa Ал-Маваси, преполна со раселени лица, стана сцена на интензивно израелско воено напредување, при што страдаат не само домови, туку и светилишта со големо значење.

Израелските власти засега молчат за овие обвиненија, додека светот внимателно ја следи ескалацијата на конфронтацијата.

Останете со нас за најновите информации од првата линија на конфликтот!

Mia Home Mavrovo