ПРВ.мк

Израел испрати елитни бригади во Појасот Газа: Десетици илјади војници вклучени во офанзивата

Израел испрати елитни бригади во Појасот Газа: Десетици илјади војници вклучени во офанзивата
Vero

Израелските одбранбени сили распоредиле речиси сите свои професионални борбени бригади во Појасот Газа, додека офанзивата врз опколената палестинска територија продолжува со несмален интензитет.

На теренот моментално делуваат пешадиски и оклопни единици, меѓу кои елитните бригади Голани, Гивати, Падобранци, Кфир, Нахал, Командо, како и оклопните бригади 7., 188. и 401. Покрај нив, вклучени се и помал број резервисти.

Според податоци на израелската армија, во Газа се ангажирани пет борбени дивизии – што претставува десетици илјади војници распоредени на различни делови од фронтот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други високи функционери претходно најавија дека крајната цел на операцијата е целосна контрола над Газа и елиминација на палестинската вооружена структура. Таквите изјави предизвикаа остри реакции и осуди на меѓународно ниво.

Според независни процени, досега во конфликтот загинале повеќе од 55.000 луѓе. Правни експерти сè почесто го користат терминот „геноцид“ за да ги опишат израелските дејствија во Газа.

Меѓународниот кривичен суд веќе издаде налог за апсење на премиерот Нетанјаху, под сомнение за извршување на воени злосторства.

Покрај континуираните воени дејствија, строгата израелска блокада драматично ја влоши хуманитарната состојба. Граѓаните на Газа се соочуваат со екстремна недостиг на храна, а според извештаите од терен, веќе има починати од глад – најмногу меѓу децата и постарите лица.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран