ПРВ.мк

Драма на руското небо: Хеликоптерот на Путин бил мета на масовен напад со дронови

Драма на руското небо: Хеликоптерот на Путин бил мета на масовен напад со дронови
Vero

Украински дронови нападнале додека Путин бил во близина на фронтот, тврди руски генерал

Украинските сили извеле серија напади со воени дронови во моментот кога рускиот претседател Владимир Путин престојувал во близина на фронтот, тврди генерал-мајор Јуриј Дашкин од руските воздухопловни сили.

Според наводи на руските медиуми, Украина минатата недела се обидела да го собори претседателскиот хеликоптер над Курската област, која се граничи со Украина. Како што се наведува, нападот се случил за време на тајна посета на Путин на регионот на 20 мај, пренесува Daily Express.

Генерал-мајор Дашкин изјави дека нападот бил „невиден по обем“, додавајќи дека руските противвоздушни единици уништиле 46 украински дронови.

„Додека претседателот престојуваше во Курската област, противникот изведе масовен напад со беспилотни летала. Нашите ПВО сили успешно неутрализираа 46 дронови“, изјави Дашкин.

Тој нагласи дека нападот се интензивирал токму во моментот кога претседателскиот хеликоптер се наоѓал над регионот: „Истовремено водевме воздушна борба и ја обезбедувавме безбедноста на претседателското летало. Задачата беше успешно извршена – сите непријателски дронови беа уништени.“

На прашање на водител од државната телевизија дали хеликоптерот на Владимир Путин навистина летал над зоната на конфликт, генералот потврди: „Да, точно е.“

Изјавите на Дашкин укажуваат на можноста Украина да располагала со доверливи информации за движењата на рускиот претседател, чие присуство во регионот не било јавно соопштено сè додека тој не го напуштил подрачјето.

„Претседателот се наоѓаше во самиот епицентар на масовниот напад со дронови, кој го одбивме успешно“, заклучи генерал-мајорот.

Оваа посета се смета за исклучително необична и ризична, со оглед на тоа што Путин за време на војната генерално го избегнуваше првиот фронт, за разлика од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повеќепати се појавуваше меѓу војниците.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран