Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, од денес и официјално е нов тренер на „Кралскиот клуб“, соопшти прес-службата на мадридскиот клуб.
Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, од денес и официјално е нов тренер на „Кралскиот клуб“, соопшти прес-службата на мадридскиот клуб.
Алонсо на клупата на Реал ќе го замени италијанскиот стручњак Карло Анчелоти кој си замина од клубот откако го одработи вториот мандат.
Дон Карло со „кралевите“ освои 15 трофеи, најмногу во историјата на клубот.
Откако освои четири трофеи во своето првично владеење од 2013 до 2015 година, легендарниот менаџер се врати во Мадрид во 2021 година и освои уште 11, од кои три во Лигата на шампиони, пред да си замине на крајот од оваа сезона.