ПРВ.мк
Свет

ИЗЛЕЗ ОД ПЕКОЛОТ ИЛИ ПРИЗНАВАЊЕ ПОРАЗ? Трамп тврди дека војната со Иран завршува, но вистината е многу поскапа!

ИЗЛЕЗ ОД ПЕКОЛОТ ИЛИ ПРИЗНАВАЊЕ ПОРАЗ? Трамп тврди дека војната со Иран завршува, но вистината е многу поскапа!

Додека светот со задржан здив ги брои деновите до истекот на примирјето, американскиот претседател Доналд Трамп изненади со оптимистичка порака: „Крајот на војната со Иран е блиску!“ Но, зад оваа самодоверба, аналитичарите гледаат очајнички обид на Белата куќа да се извлече од конфликт кој веќе седум недели ја „цица“ американската економија без јасен победник на повидок.

Иако Трамп зборува за мир, ситуацијата на терен е како „буре барут“. САД спроведуваат брутална поморска блокада на иранските пристаништа. Над 10.000 американски војници ја контролираат морската трговија на Техеран, која во моментов е целосно парализирана. Главниот страв? Застојот во клучниот Ормутски теснец кој може да предизвика светски енергетски колапс.

Дипломатијата работи „под радар“. Се шпекулира дека во следните 48 часа во Пакистан ќе се одржи клучна средба меѓу претставници на Вашингтон и Техеран. Целта е само една: да се спаси прекинот на огнот кој истекува на 22 април.

  • САД бараат: 20-годишна забрана за иранските нуклеарни активности.
  • Иран нуди: Далеку пократок рок и помалку строги контроли. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, веќе предупреди – секој договор без челични гаранции ќе биде само „обичен лист хартија“.

Трамп го притискаат и внатрешните проблеми. Поранешната министерка за финансии, Џенет Јелен, упати сериозно предупредување дека оваа војна е „гориво“ за нова инфлација. Градежниот сектор веќе е во пад поради вртоглавите цени на горивата, а гневот на граѓаните расте.

Најнови вести