ПРВ.мк
Свет

ИРАН ВО ОПАСНА ВОЈНА НО НЕ ПОПУШТА: Американските разузнавачки служби открија во каква состојба е иранскиот режим!

ИРАН ВО ОПАСНА ВОЈНА НО НЕ ПОПУШТА: Американските разузнавачки служби открија во каква состојба е иранскиот режим!
Kristal

Разузнавачките служби на Соединетите Американски Држави проценуваат дека Иран и натаму ја задржува контролата врз својата држава и дека иранската влада не е во непосредна опасност од колапс, дури ни по речиси две недели американско-израелски бомбардирања, наведоа три извори запознаени со состојбата.

Извештаите покажуваат дека раководството на Иран останува коерентно и дека режимот е способен да ја одржува контролата врз јавноста, и покрај убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и смртта на десетици високи функционери, вклучувајќи команданти на Исламската револуционерна гарда (IRGC), пренесе Ројтерс.

Според американските разузнавачки проценки, IRGC и привремените лидери кои ја презеле власта продолжуваат да ја контролираат земјата.

Иако иранските курдски милиции во соседниот Ирак побарале координација со САД за евентуален напад врз иранските сили, американските разузнавачки извештаи наведуваат дека им недостасува „огнена моќ“ и бројност за сериозно да ги загрозат иранските безбедносни сили.

Курдските групи во последните денови побарале поддршка во вид на оружје и оклопни возила, но претседателот на САД, Доналд Трамп, го отфрлил сценариото тие да влезат во Иран.

(Во живо) Одекнуваат експлозии во центарот на Дубаи, гори нафтен транспорт, Техеран изнесе услови за крај на војната – сите детали може да ги следите на нашиот блог во живо.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo