ПРВ.мк
Македонија

СЕ ЗАПАЛИ ОЏАК И ОШТЕТИ НЕКОЛКУ СТАНОВИ: Брзата интервенција на пожарникарите спречи поголема штета!

СЕ ЗАПАЛИ ОЏАК И ОШТЕТИ НЕКОЛКУ СТАНОВИ: Брзата интервенција на пожарникарите спречи поголема штета!
Kristal

Вчера околу 12:20 часот избувнал пожар во оџак во станбена зграда на улицата „Кланица“ во Битола, при што биле оштетени неколку станови.

За среќа, во пожарот нема повредени лица. Благодарение на брзата интервенција на екипите од Територијалната противпожарна единица Битола, огнот бил ставен под контрола и целосно изгаснат, со што е спречено негово проширување во зградата.

На местото на настанот излегла и увидна екипа од СВР Битола, која извршила увид за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo