Две млади лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Скопје–Тетово, во атарот на селото Арнакија.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 11 март 2026 година во 16:00 часот во СВР Скопје. Патничко возило „сеат“ со скопски регистарски таблички, управувано од А.И. (21) од село Буковиќ, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата сопатничката Х.З. (24) од село Форино, гостиварско, се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди. Повредените биле пренесени и прегледани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од СВР Скопје информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа, а причините за несреќата се утврдуваат.


















