Полициски службеници од СВР Битола вчера лишиле од слобода 40-годишен возач кој управувал товарно возило без важечка возачка дозвола.
Како што информираат од полицијата, на 11 март 2026 година во 12:41 часот на улицата „Довлеџик“ во Битола бил запрен камион „ман“ со битолски регистарски ознаки, управуван од А.П. (40) од селото Лавци, битолско.
При сообраќајната контрола било утврдено дека возачот го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Според информациите, случајот го објави порталот „Скопје1.мк“.


















