ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) ТАЈНАТА ЖЕНА на Владимир Путин го сменила изгледот: Се појави во Москва како друга личност!

(ФОТО) ТАЈНАТА ЖЕНА на Владимир Путин го сменила изгледот: Се појави во Москва како друга личност!
Kristal

Ако освојуваше златна медала на Олимписките игри во Атина, првите во овој век, успешната ритмичка гимнастичарка е светски позната, но многумина ја знаат и како партнерка на Владимир Путин, иако ниту рускиот претседател, ниту Алина Кабaјева никогаш не го потврдиле тоа. Во последните денови поранешната шампионка повторно е во центарот на вниманието, и многумина едноставно не ја препознаа.

На почетокот на март во Москва се одржа национално првенство во ритмичка гимнастика, а настапите на најдобрите руски спортистки ги следеше и Алина Кабajeва (42). Олимписката шампионка веќе неколку години раководи со академијата „Небеснаја грација“, каде тренираат многу талентирани девојчиња, а најдобрите учествуваа и на големото натпреварување во главниот град кое траеше неколку дена.

Неофицијалната прва дама на Русија, која наводно со Путин има два сина – Иван и Владимир Младши, изгледа подобро од било кога, заклучија тамошните медиуми. Модните експерти најмногу ја забележаа нејзината облека, бидејќи во јавноста се појавува релативно ретко – најчесто еднаш на неколку години – и секогаш во раскошни тоалети.

Овој пат, Алина претпочита квалитетно скроени комбинации – панталони и костуми, но и послободни варијанти, како фармерки со кожна јакна или ролка. Додека внимателно ги следеше настапите на своите ученици, публиката во салата „Ирина Винер“ ја гледаше неа. На нејзиното лице немаше видливи реакции, освен насмевка со која понекогаш ја наградуваше некоја одлична изведба на учениците.

Модните критичари ја пофалија комбинацијата – црно одело со пруги и блуза со цветен дезен како најавa за пролетта, а високи оценки доби и вечната класика – кратка црна кожна јакна со фармерки. Доволно за Алина Кабajeва уште еднаш да покаже дека е жена со стил, но и да предизвика реакции, бидејќи многумина забележаа дека драстично ослабела и дека нејзиното лице изгледа „некако неприродно“.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo