ПРВ.мк
Свет

Иран со јасна порака до Трамп - еве кој одлучува кој ќе биде новиот лидер!

Иран со јасна порака до Трамп - еве кој одлучува кој ќе биде новиот лидер!
Kristal

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, денеска потенцираше дека изборот на наследник на врховниот лидер на Иран е исклучиво одлука на иранскиот народ, а не на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во интервју за американската телевизиска мрежа NBC, Арагчи реагираше на изјавата на Трамп дека САД мора да бидат вклучени во изборот на наследникот на ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на 28 февруари во почетокот на американско-израелските напади врз Иран.

– „Нема да дозволиме никој да се меша во нашите внатрешни работи. Ова е прашање само за иранскиот народ и на никој друг“, рече Арагчи.

Тој додаде дека Трамп треба да се извини за војната, убиствата и разурнувањата на Блискиот Исток.

– „Очигледно е дека нашите ракети не можат да стигнат до американска почва. Она што можеме да го направиме е да нападнеме американски бази и инсталации околу нас“, истакна шефот на иранската дипломатија.

Иран беше нападнат од САД и Израел на 28 февруари, по што Техеран возврати со ракетни напади кон Израел, Кувајт, Бахреин и други земји на Блискиот Исток каде има американски бази.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo