ПРВ.мк

Инфлацијата во Британија порасна повеќе од очекуваното во април

Инфлацијата во Британија порасна повеќе од очекуваното во април
Vero

Потрошувачките цени во Велика Британија пораснаа повеќе од очекуваното во април, за 3,5 отсто, покажаа податоците од Бирото за национална статистика (ONS) објавени во средата.

Годишната стапка на инфлацијата во април изнесуваше 3,5 отсто, во споредба со 2,6 отсто во март, што е највисока од јануари 2024 година и најголемо зголемување на стапката од 2022 година, кога инфлацијата вртоглаво растеше, соопшти ONS.

Централната банка Bank of England (BoE) прогнозираше инфлација од 3,4 отсто на почетокот на мај. Веројатно е дека ќе се одржи патот на постепено намалување на каматните стапки, но, како што анализира Reuters, најновите податоци веројатно дополнително ќе ги намалат очекувањата на финансиските пазари дека каматните стапки ќе бидат намалени повеќе од еднаш до крајот на 2025 година.

Растот на цените на услугите скокна на 5,4 отсто во април, што е далеку над прогнозата за раст од 5 отсто од страна на BoE во април.

Исто така, ONS соопшти дека периодот на велигденските празници, кој падна во април оваа година, веројатно придонел за големиот скок на цените во воздухопловниот сообраќај, кои се зголемија за 27,5 отсто во споредба со март, што е второто најголемо месечно зголемување досега.

Цените на гасот, електричната енергија и водата, исто така, се зголемија во април, заедно со повисоките даноци за работодавците, што веројатно ќе поттикне раст на цените.

Главниот економист на централната банка, Хју Пил, во вторникот изјави дека темпото на намалување на каматните стапки е пребрзо со оглед на сè уште силниот притисок врз платите врз инфлацијата.

Централбна британска банка ги намали каматните стапки за четвртина поен на 8 мај, на 4,25 проценти, при што двајца членови на Одборот за монетарна политика беа за поголемо намалување, а двајца за задржување на истата стапка, вклучително и Пил.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран