ПРВ.мк
Свет

Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира

Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира

Илон Маск упати сериозно предупредување за состојбата со американскиот национален долг, тврдејќи дека Соединетите Американски Држави би можеле да се соочат со финансиски колапс доколку значително не ја зголемат економската продуктивност.

Според милијардерот и извршен директор на „Тесла“ и „СпејсИкс“, клучна улога во тоа треба да имаат вештачката интелигенција, роботиката и масовната автоматизација.

Гостувајќи во подкаст, Маск оцени дека без брзо воведување нови технологии американската економија тешко ќе може да се справи со растечкиот национален долг, кој според наведените податоци ја надминал границата од 40 трилиони долари.

Маск беше особено загрижен поради трошоците за камати на државниот долг. Според него, само сервисирањето на долгот веќе чини повеќе од целокупниот американски воен буџет.

Тој посочи дека станува збор за повеќе од еден трилион долари годишно само за каматни трошоци.

Неговиот став е дека традиционалните економски мерки нема да бидат доволни за долгорочно справување со проблемот и дека единствениот начин за значително зголемување на продуктивноста е преку забрзана примена на вештачката интелигенција и роботите.

Во текстот се наведува и дека финансиски експерти и Комитетот за одговорен федерален буџет предупредуваат на можноста американскиот долг дополнително да расте во следните години, меѓу другото и поради повисоките трошоци за одбрана и воени ангажмани.

Маск, пак, останува на ставот дека токму технолошката автоматизација може да создаде доволно голем раст на продуктивноста за земјата полесно да се справи со огромните финансиски обврски.