Во услови на продолжени борби, претседателот на Володимир Зеленски претстави нов систем за противвоздушна одбрана, кој според најавите би можел значително да ја засили одбранбената моќ на Украина.
Станува збор за нова противвоздушна ракета наречена „Корал“, која се развива како домашен проект и која, според првичните информации, има потенцијал да игра важна улога во одбраната од воздушни напади.
Според специјализирани воени извори, системот би можел да има домет од околу 30 до 100 километри, со можност за гаѓање и на авиони, крстосувачки ракети, а во одредени услови и балистички цели. Ракетата, како што се наведува, е опремена со современи системи за навигација и корекција на траекторијата, што ја зголемува нејзината прецизност.
Проценките укажуваат дека тежината на проектилот е околу 300 килограми, со боевa глава од приближно 25 килограми и брзина која достигнува околу 3.600 километри на час.
Во презентацијата беа прикажани и други модерни воени технологии, вклучувајќи роботизирани и беспилотни системи, кои според украинските власти веќе се користат илјадници пати на фронтот. Се тврди дека дел од овие системи биле користени и за неутрализирање на непријателски позиции без директно учество на пешадија.
Воени експерти посочуваат дека развојот на домашно оружје станува клучен за Украина, особено во услови на ограничени испораки на странска воена опрема.
Засега не е потврдено дали новата ракета веќе е во сериска употреба, но се нагласува дека проектот е сè уште делумно класифициран и се развива во рамки на украинската одбранбена индустрија.











