ПРВ.мк
Свет

Европска земја ги алармира граѓаните: „Подгответе залихи за 3 дена“ - се шират нуклеарни ризици!

Европска земја ги алармира граѓаните: „Подгответе залихи за 3 дена“ - се шират нуклеарни ризици!

Во Белгија е започната национална кампања за подигнување на подготвеноста на населението за можни кризни ситуации, при што властите директно ги повикуваат граѓаните да имаат подготвен комплет за итни случаи.

Кампањата, наречена „Спремни заедно“, ја води Национален кризен центар на Белгија, кој препорачува секое домаќинство да обезбеди залихи на храна и вода за најмалку три дена, како и основни средства како батериска ламба и радио на батерии.

Според официјалните информации, целта на оваа иницијатива не е да се создаде паника, туку да се зголеми отпорноста на општеството и да се подобри реакцијата при различни видови кризи кои можат да се случат „било каде и било кога“.

Белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Кентен изјави дека е важно граѓаните да развијат поголема култура на безбедност, нагласувајќи дека светот денес е значително поразличен од пред две децении и дека ризиците се зголемени.

Во своето обраќање, тој посочи дека актуелните глобални конфликти и кризи, како и природните катастрофи, покажуваат колку е важно секое домаќинство да биде подготвено за првите критични денови од евентуална вонредна состојба.

Национален кризен центар на Белгија дополнително нагласува дека граѓаните треба да се информираат исклучиво преку официјални канали, како системот за предупредување BE-Alert, локалните медиуми и официјалните веб-страници, за да се избегне ширење на дезинформации во кризни ситуации.

Кампањата е планирана да се шири постепено и да опфати и поспецифични сценарија, меѓу кои се споменуваат и потенцијални ризици од нуклеарни инциденти, што дополнително ја нагласува сериозноста на пристапот на белгиските власти кон современите безбедносни предизвици.