Во месноста Моклиште се реализира значаен инфраструктурен проект со кој се гради нов резервоар со капацитет од 150 м³, како дел од пошироката инвестиција за поставување нова водоводна и канализациона мрежа.

Проектот опфаќа вкупна должина од 6,4 километри и има вредност од околу 1 милион евра, обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа.

Со оваа инвестиција се очекува значително подобрување на водоснабдувањето и комуналната инфраструктура во регионот, како и повисок квалитет на живот за жителите.

Општина Кавадарци најавува дека ќе продолжи со вложувања во модерна инфраструктура и одржлив развој на локалната заедница.










