Белгиското Министерство за одбрана ќе испрати писма до 150.000 седумнаесетгодишници, со цел да ги информира за можноста за едногодишна доброволна воена служба. Министерот за одбрана Тео Франкен истакнува дека ова е дел од поширока стратегија за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата.
Слична ситуација се случи во Бугарија, каде граѓаните добија повици за мобилизација. Министерството за одбрана потврди дека станува збор за рутинска проверка на резервистите, а не за подготовки за војна, како што се шпекулираше во медиумите.
Во последната година повеќе европски држави повторно воведуваат или ја прошируваат воената подготовка поради растечките безбедносни ризици:
- Летонија повторно воведе задолжителна воена служба;
- Хрватска ја врати обврската за лицата родени во 2007 година;
- Данска ќе ја вклучи и женската популација во воената обука;
- Германија подготвува закон за доброволна шестмесечна служба;
- Полска планира годишна обука за 100.000 млади.
Очигледно, Европа се насочува кон обновување на воената готовност поради засилените тензии со Русија и зголемените ризици за регионална безбедност.
















