ПРВ.мк
Свет

Европа размислува за испраќање до 15.000 војници во Украина - ова се причините

Европа размислува за испраќање до 15.000 војници во Украина - ова се причините
Kristal

Европските држави разгледуваат можност за распоредување меѓу 10.000 и 15.000 војници во Украина во првите шест месеци по евентуален прекин на огнот меѓу Киев и Москва, објавува германскиот весник „Ди Велт“.

Според дипломатски извори од Брисел, целта на ваквата мисија би била надгледување и гарантирање на почитувањето на договорениот прекин на огнот, со цел да се спречи повторна ескалација на конфликтот. Наводно, концептите за безбедносни гаранции веќе се подготвени, а клучна улога во нивната изработка имале воени експерти од Обединетото Кралство и Франција, во координација со европските институции.

Истите извори наведуваат дека Лондон и Париз се подготвени да учествуваат со копнени сили во Украина, дури и без формален мандат од Обединетите нации или Европската Унија, доколку такво барање дојде од украинската страна.

Според плановите, воздушниот и поморскиот надзор би го презеле соседните земји, додека Турција би имала значајна улога во контролата и безбедноста на Црното Море. Предвидената мисија би била временска и насочена кон стабилизирање на состојбата веднаш по прекинот на воените дејствија и обезбедување на спроведувањето на договорениот мир.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape