ПРВ.мк
Македонија

Кражба во здравствена установа во Кочани: Украдени картички, следеле злоупотреби – двајца под кривична пријава

Кражба во здравствена установа во Кочани: Украдени картички, следеле злоупотреби – двајца под кривична пријава
Kristal

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против О.С.А. (42) од Штип поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, како и против Д.Т. (39) од Кочани, кој се товари за „помагање“ во извршувањето на делата.

Според информациите од полицијата, на 4 октомври 2024 година, првопријавениот неовластено влегол во просториите на Центарот за дијализа во Кочани. Од заклучен шкаф, тој одзел паричник во кој имало пари, банкарски картички и лични документи што им припаѓале на две вработени лица.

По кражбата, осомничениот наводно ги злоупотребил одземените банкарски картички, при што со помош на второпријавениот извршувал неовластени трансакции, нанесувајќи им финансиска штета на оштетените лица.

Полицијата продолжува со постапката, а по целосно документирање на случајот, пријавите ќе бидат доставени до надлежното јавно обвинителство.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape