Поради повеќекратни регионални затворања на воздушниот простор, авиокомпанијата „Емирати“ привремено ги стопираше сите операции до и од Дубаи до недела, 1 март, 15:00 часот (локално време).
Патниците со резервирани летови во следните 72 часа имаат следни опции:
- Повторна резервација: Може да резервирате друг лет до вашата дестинација во рок од 10 дена од првичниот датум. Ако летот е преку туристичка агенција, контактирајте ја агенцијата; ако е директно кај „Емирати“, контактирајте ја авиокомпанијата.
- Враќање на парите: Може да поднесете барање за поврат на средства преку формулар за враќање на парите, доколку резервацијата е директно кај „Емирати“. За резервации преку агенција, обратете се кај нив.
Авиокомпанијата ги повикува сите патници да го проверат статусот на нивниот лет пред да се упатат кон аеродромот.
„Безбедноста на нашите патници и екипаж е наш највисок приоритет“, стои во соопштението на „Емирати“.
За дополнителни информации и ажурирања, патниците можат да ја посетат страницата: http://emirat.es/managebooking.


















