ПРВ.мк
Свет

Нетанјаху со директен повик до Иранците: „Излезете на улица и урнете го режимот“

Нетанјаху со директен повик до Иранците: „Излезете на улица и урнете го режимот“
Kristal

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати директна порака до иранските граѓани, повикувајќи ги да се обединат и масовно да излезат на улиците против власта во Техеран. Во видео-обраќање, тој порача дека ова е „можност што се случува еднаш во генерација“ и ги охрабри Иранците да не ја пропуштат шансата за промена.

Нетанјаху рече дека „наскоро ќе дојде вашиот момент“, мислејќи на, како што наведе, моментот кога граѓаните треба масовно да излезат на улиците за да ја „довршат работата“ и да го соборат режимот кој, според него, со години им го загорчува животот. Во пораката, изговорена делумно и на англиски, тој порача и дека „помошта пристигна“, со што јасно даде до знаење дека Израел сака да ја претстави актуелната ескалација како шанса за внатрешен пресврт во Иран.

Неговата изјава доаѓа во екот на драматично заострување на состојбата на Блискиот Исток, по заедничките американско-израелски напади врз ирански цели и последователните одмазднички удари од Техеран. Во своето обраќање, Нетанјаху ја нагласи и намерата иранскиот народ сам да си ја преземе иднината во свои раце, додека регионот се соочува со една од најсериозните кризи во последните години.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo