Рускиот претседател Владимир Путин ја стави точката на шпекулациите околу иднината на Ерменија во Европа. Според него, членството во ЕУ е „едноставно невозможно“.
Путин истакнува дека Ерменија е длабоко интегрирана во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), а економската зависност од Москва создава „непробојни бариери“ за било каква брза промена на курсот кон Брисел.
„Постојат економски факти и реалности кои не можат да се игнорираат,“ вели рускиот лидер, додавајќи дека функционирањето на ерменската економија без тесна соработка со Русија би било сериозно доведено во прашање.
Овој коментар се појавува во време кога Ереван ги разгледува своите стратешки опции во меѓународната политика, а тензии меѓу европските и евроазиските интереси продолжуваат да ја обликуваат иднината на регионот.




















