ПРВ.мк
Свет

Европската комисија го предлoжи крајот на сезонската промена на времето

Европската комисија го предлoжи крајот на сезонската промена на времето

Европската комисија продолжува да ја поддржува иницијативата за укинување на сезонската промена на времето, која првпат беше предложена во 2018 година, но засега нема конкретен напредок во ова прашање, изјави портпаролката на ЕК, Ана-Кајза Итконен.

– Сè уште веруваме дека е можно да се најде усогласено решение, но конечната одлука зависи од земјите членки на ЕУ. Тие мора да се договорат и да координираат меѓусебно, додаде Итконен.

Таа истакна дека Европската комисија спровела повеќе студии за влијанието на менувањето на времето врз луѓето и е подготвена да обезбеди помош и поддршка за прифаќање на предлогот.

– Сепак, сега топката е кај земјите членки, и само тие можат да постигнат заеднички став. Дотогаш, како и секој викенд, ќе продолжиме со редовното менување на часовниците, заклучи Итконен.

Escape