Јапонскиот остров Хокаидо утрово беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот се случил на длабочина од 13 километри, со епицентар 173 километри источно од градот Куширо.
Станува збор за едно од најсилните тектонски движења во регионот во последните месеци. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета, но локалното население пријавува дека потресот бил силно почувствуван.
Властите апелираат на претпазливост, а сеизмолозите не ја исклучуваат можноста за нови потреси во наредните часови.