ПРВ.мк

Бразилската полиција спречила бомбашки напад на концерт на Лејди Гага во Рио – на настанот присуствувале повеќе од 2 милиони луѓе

Бразилската полиција спречила бомбашки напад на концерт на Лејди Гага во Рио – на настанот присуствувале повеќе од 2 милиони луѓе
Jumbo Banner

Бразилската полиција спречи бомбашки напад на концертот на Лејди Гага одржан на 3 мај на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, каде присуствуваа рекордни 2,1 милиони луѓе. Настанот беше дел од културниот проект „Todo Mundo no Rio“ и донесе околу 600 милиони бразилски реала на локалната економија.

Според полицијата, нападот го планирала радикализирана група која регрутирала тинејџери за насилни напади со импровизирани експлозиви. Уапсени се двајца осомничени – еден полнолетен во Рио Гранде до Сул и еден малолетник во Рио де Жанеиро. Запленети се мобилни телефони и електронски уреди, а претреси се извршени на повеќе локации низ државата.

Акцијата, спроведена во соработка со Министерството за правда, била дискретна и овозможила концертот да помине без инциденти.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран