ПРВ.мк

Безбедносните служби на Украина разоткрија шпиунска мрежа на унгарското воено разузнавање во Закарпатија

Безбедносните служби на Украина разоткрија шпиунска мрежа на унгарското воено разузнавање во Закарпатија
Jumbo Banner

Украинската безбедносна служба (СБУ) разоткри мрежа на шпиони која делувала под раководство на унгарската воена разузнавачка служба во Закарпатија. Ова, според СБУ, претставува прв ваков случај во историјата на Украина.

Според истрагата, задачата на мрежата била собирање податоци за воената безбедност во регионот, вклучувајќи информации за копнената и воздушната одбрана, како и за социо-политичките ставови на локалното население. Посебно внимание било посветено на анализа на можни реакции на евентуално присуство на унгарски трупи во регионот.

Во текот на операцијата, СБУ приведе двајца агенти кои биле дел од оваа мрежа. Еден од нив, поранешен војник од Береговската област, бил регрутиран во 2021 година и активиран во септември 2024. Тој имал задача да ja набљудува состојбата на црниот пазар, движењето на воената опрема и расположението на населението, како и да собира информации за воени и цивилни објекти во Закарпатија.

Истиот агент извршувал извидувања на локации на клучни одбранбени системи, вклучувајќи ги и ракетните системи С-300. По собирањето на информациите, отпатувал во Унгарија каде што ги предал податоците и примил паричен надомест. Исто така, се обидел да регрутира уште најмалку две лица за соработка со унгарските разузнавачки служби.

Како дел од проширената истрага, СБУ уапси уште еден осомничен — поранешен припадник на украинските безбедносни сили — кој исто така се поврзува со унгарските специјални служби.

Сите приведени се обвинети за велепредавство за време на воена состојба, дело кое предвидува доживотен затвор и конфискација на имот. Операцијата е спроведена под надзор на Државното обвинителство, а истрагата продолжува.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран